Состојбата со шумскиот пожар кој вчера избувна над Караорман во с.Татеши - Делогожда кај м.в.Бегова шума, струшко, утрово околу 70% од пожарот е локализиран.
Зафатена е површина од 30ха ниско стеблеста дабова шума и борова шума. Во гасењето на пожарот ангажирани се ТППЕ од Струга, Охрид и Кичево.
Активирани се и ДЗС-Охрид и ДЗС-Струга со свои единици. Во гаснењето на пожарот вклучени се и околу 100-тина мештани од тие населени места.