На Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia, под мотото СОЗДАДИ НАДЕЖ, се одржа продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци.

Вкупно 139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово.

Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.

На настанот присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку.