На 25.04.2016 година се одржа 36 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа и претставници од касарната Чеде Филипоски Даме-Кичево, ТППЕ Кичево, ЈП МШ подружница ШС Лопушник Кичево, МЗШВ ПЕ Кичево и ЈП за пасишта.
Раководителот на РШ Сузана Тасевска ги извести присутните дека седницата се одржува со цел превентивно делување, рано предупредување, справување и спречување на појавата на шумски пожари и пожари на отворен простор.
Во првата точка од дневниот ред реферираа преставниците од ШС Лопушник и ТППЕ Кичево преку анализа на претходно случени пожари и превземените мерки од нивна страна. Во рамките на втората точка се разви дискусија во која учествуваа членовите на РШ предлагајќи конструктивни идеи за намалување на ризикот од пожари на отворен простор и шумски пожари.
Како резултат на дискусиите се донесоа следните заклучоци:
1. 1. Да се достави апел до медиумите за заштита на шумите од пожари
2. 2. Одржување координативни состаноци во потесен состав заради договорање превентивни активности во наредниот период