На 29 март 2017 година, во Центарот за управување со кризи, директорот м-р Агрон Буџаку, реализираше работна средба со претставници на „Каритас Македонија“.
На состанокот главна тема беше досегашната соработка во справувањето со мигрантско-бегалската криза.
Исто така, беа разгледани можностите за соработка при евентуален нов наплив на бегалци / мигранти. Од двете страни беше изразена желба за понатамошна плодна и успешна соработка.