По повод 22 Март – Денот на водите и  23 Март – Светскиот метеоролошки ден, претставници од Центарот за управување со кризи на покана од Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, учествуваа во одбележувањето на двата празника со активности кои се одржаа  на езерото Матка. Одбележувањето на јубиларните денови, се изврши работно со вршење на  хидрометриски мерења на протекот на водите на реката Треска  за првпат со помош на нов и  најсовремен хидрометриски инструмент  дониран од УНДП.

       По повод Денот на водите, покрај хидрометриското мерење на протекот на водата на  реката Треска, на одбележувањето се приклучија и Нуркачкото друштво “ Врело “ кое изведоа атрактивно нуркање и извлекување на потоната платформа од водите на езерото Матка.

По завршување на  работните активности, на присутните свечено им се  обрати и Директорот на УХМР, м-р Оливер Ромевски, кој го истакна значењето на институцијата УХМР и научниот пристап кој вработените го практицираат во следењето на  природните појави, особено  заради  навремено откривање или  предвидување на опасностите предизвикани од негативните хидрометереолошки услови, и заради превенирање на институциите во спречување или намалување на последиците.