Денес, 22.03.2017 година, директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку оствари средба со претставници на дел од невладиниот сектор во Република Македоннија. На средбата се разговараше за состојбата во транзитните центри Гевгелија и Табановце, активностите кои се преземаа во текот на кризната состојба во истите, како и за идната соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и невладините организации Република Македонија.

 За таа цел, беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и секоја од присутните невладини организации, со кој се утврдува рамката во која се остварува соработка меѓу потписниците во врска со состојби и процеси што можат да влијаат врз загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.

На состанокот беше изразено уверување дека освен во справувањето со мигрантската криза, овој Меморандум ќе најде примена и во останатите ризици и опасности, кои се дел од работењето на ЦУК, согласно Законот за управување со кризи.