На 15 март 2017 година, во Центарот за управување со кризи, Главниот штаб ја одржа шеесетата седница посветена на актуелната бегалска криза во Република Македонија. На состанокот, освен членовите на Главниот штаб присуствуваа раководителот на РЦУК – Куманово, Горан Стојановски и раководителот на РЦУК – Гевгелија, Зоран Лазаровски. Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, ја отвори и водеше седницата.
По усвојувaњето на записникот од минатата седница ги презентираше планираните точки на дневниот ред и беа разгледани досегашните активности на институциите, што се дел од Системот за управување со кризи, како и предлог мерките што треба да се преземат во наредниот период.
На состанокот се донесоа следните заклучоци:
1. Институциите во системот за управување со кризи да ја разгледаат можноста за обезбедување, одржување и управување на транзитните центри во случај на заминување на мигрантите, а посебно после завршување на кризната состојба. Мислење и предлози да достават на следната седница на Главниот штаб.
2. Армијата на Република Македонија да ја разгледа можноста за обезбедување на возило – инжинерска машина и негово ангажирање за санирање на патот од К-59 до Т.Ц. Гевгелија. Центарот за управување со кризи да достави писмено барање до МО-АРМ со потребните информации.
60 седница на ГШ за актуелната бегалска криза во Република Македонија
- Детали
- Посети: 1895