Во рамките на проектот на ОБСЕ за „Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“ (https://www.osce.org/node/521965), во периодот од 5-6 Декември 2022 година се одржува Регионална работилница за „Управување со шумски пожари и зајакнување на климатската отпорност и безбедност“, во коорганизација на ОБСЕ, оддел за економски и еколошки активности (ОСЕЕА), Глобален центар за следење на пожари (GFMC) и Регионален центар за следење на пожари (RFMC).

Денес, 06 Декември 2022 година, во согласност со Агендата на работилницата, во просториите на Центарот за управување со кризи беше организиран посета од страна на учесниците од земјите на Јужен Кавказ, регионот на Југоисточна Европа, Монголија како и регионот, со цел да се информираат за активностите во областа на управување со ризикот од шумски пожари, отпорноста на климатските промени и последиците поврзани со нив.

Учениците на Работилницата беа примени и поздравени од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Г-дин Стојанче Ангелов, а потоа од страна на Раководителот на Секторот за Аналитика, процени и стратешко планирање, д-р Стевко Стефаноски беше презентирана организацијата на Националниот систем за управување со кризи, посебно во областа на управување со ризикот од шумски пожари и Македонскиот Информативен Систем за Шумски пожари (МКФФИС) кој ЦУК го има воспоставено во соработка со Јапонската Агенција за Меѓународна соработка (JICA).

Во рамките на оваа активност, учесниците на работилницата имаа можност да го посетат оперативниот центар на Единствениот Европски број за итни повици Е-112 кој е воспоставен во Центарот за управување со кризи.