Во последните неколку години, климатските промени предизвикаа пораст на поплавите и шумските пожари. Ваквите природни катастрофи ги нарушуваат економиите, имотите и животите на луѓето.
ЦУК со свој тим на работилница изведена и реализирана со ЕУ ИПА експерти за поплави и пожари
Претставници на Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводени од раководителот на Секторот за операции и координации, Горан Стојановски учествувааа на работилница изведена и реализирана со ЕУ ИПА експерти за поплави и пожари од Италијанското одделение за цивилна заштита и спаување – фондација, со командно место за вежбање во Скопје. Присуствуваа сите институции на системот за управување со кризи, од доменот на Рано предупредување на Република Северна Македонија,справување и менаџмент на кризи, а и лидерите на работниот пакет од странство предвиден за истото (од DPC и CIMA).
Инаку, програма финансирана од ЕУ за превенција од поплави и управување и справување со кризни ситуации со шумски пожари во Западен Балкан и Турција е започната да се реализира 15 ноември 2020 година и е предвидена да трае три години со буџет од пет милиони евра.
Ваквите работилници имаат за цел настански и вежбовно да ги вклучи и информира сите за менаџирањето и справувањето со кризни ситуации, почнувајќи од професионалци на институции до научна заедница и до граѓанско општество, придонесувачи во намерата за заштита н граѓаните и материјалните добра, а и на природата.
- Детали
- Посети: 402