Денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, оствари средба во ЦУК со досегашниот постојаниот претставник за Балканот г. Такеичи и со новиот постојан претставник, г. Уеки Масахиро, на Балканската канцеларија на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (ЈИЦА – JICA). Оваа протоколарна средба е дел од континуитетот, што успешно продолжува, на повеќегодишната соработка во областа на кризниот менаџмент, област во која Јапонија и дава голема поддршка на нашата земја преку ЦУК.