Денеска во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа работен состанок на Координативното тело за превенција и справување со пожари на отворен простор на кој присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи- БЈБ –Единица за подготовка и постапување во сложена безбедносна кризна состојба, Армијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални Шуми, Шумска полиција, Управа за хидрометеоролошки работи и ЗЕЛС на тема превенција и справување со пожари, на отворен простор расположиви ресурси и капацитети (човечки, матријално технички, ЛЗО, опрема и обуки).
На работниот состанок претставниците кои беа присутни елаборираа за состојбите во рамки на своите институции, можностите во однос на нивниот функционален ангажман, дадоа свои видувања, мислења и предлози, во однос на подобрување на состојбите како и ресурсите со кои располагаат за можна реакција и справување со пожарите на отворен простор, како и превземање на дополнителни мерки и активности.
На состанокот беше договорено да се одржи уште една координација помеѓу сите субјекти во Системот за управување со кризи веднаш по одржување на Тематската седница на Владата на Република Северна Македонија со разгледување на единствена точка која ќе се однесува на состојбата со справување со пожарите на отворен простор од пошироки размери.