Во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, оствари средба со претставници од Доброволното противпожарно друштво „Ѓорче Петров“ од Општина Ѓорче Петров во Скопје. Од Секретарот на доброволното друштво, Герасим Мирчевски, беше информиран за работата и состојбата на друштвото коешто постои од 1947 година, а и за предлози за унапредување на противпожарната дејност од аспект на доброволните друштва.

Директорот Ангелов, заедно со државниот советник Драги Тарчуговски, ги запозна присутните со можностите, структурата и дејствувањето на институциите од Системот за управување со кризи и при редовна работна ситуација и при прогласена кризна состојба, а и со законските можности за соработката со доброволните друштва.