Денеска, 20 април 2022 година, директорот на Центарот на управување со кризи Стојанче Ангелов учествуваше на работна средба за координација на програмите на Црвениот Крст на РСМ во делот на подготвеност при катастрофи, а средбата се одржа во просториите на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на ЦКРСМ "Момин Поток" во Скопје.
Ангелов учествуваше на работна средба во Црвен Крст
На состанокот се дискутираше за постојните практики и можностите за продлабочување на заедничката соработка согласно стратешките определби на ЦУК и на Црвениот Крст, како и за координација и имплементација на националните програми и политики кои се однесуваат на:
- Презентација на Е-112 - перспективи и соработка.
- Прашања поврзани со улогата на Црвениот Крст на локално и централно ниво во изработка на проценките на ризици на ЦУК.
- Прашања поврзани со улогата на ЦКРСМ во спроведување на Националната платформа за справување со ризици од катастрофи.
- Улогата на Црвениот Крст во единствениот систем за одговор при катастрофи во државата.
- Детали
- Посети: 355