ПО РЦУК Кичево, во рамките на своите редовни активности за намалување на ризиците од природни несреќи и катастрофи,  на ден 03.03.2022 година во ОУ „ Кузман Јосифоски Питу “ Кичево  реализира предавања на тема „Постапки при елементарни непогоди“. Оваа активности е прва од групата подготвителните активности за спроведување на симулациска вежба  за постапување при елементарни непогоди во училиштето.

               

Пред почетокот на предавањата раководителот на ПО РЦУК Кичево ги запозна учениците и персоналот со организациската поставеност на ЦУК и ПО РЦУК Кичево, и особено со значењето на превенцијата. Се осврна и на употребата на бесплатниот телефонски број 195, односно 112 во иднина.

               

Предавањето го спроведе советникот  Љупче Софрониевски со помош на помладите соработници Нермина Јаоска и Мурат Зенку преку презентација изработена за оваа намена. Предавањето се спроведе со  интерактивен пристап, со  активно учество на присутните  ученици.  Посебна цел на предавањето  беше учениците да се заинтересираат за истражување на опасностите и ризиците кои се случуваат во светот, особено оние кои  се случуваат во местото на живеење  и со постапките за справување со истите, со користење на интернет и други извори.