Поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден дојдено е до излевање на поројот во м.в.Калина во с.Мокрино, каде биле поплавени повеќе куќи. Од страна на ЕЛС Ново Село интервенирано е со еден багер за да водата се пренасочи во друг правец се со цел да се избегне поголема материјална штета. На лице место бил и Градоначалникот на Ново Село. Во текот на денешниот ден ќе се направи увид и ќе се утврди материјалната штета.

На Магистралниот пат А4 кај с.Самоилово имало нанос кој со скип е исчистен од страна на ЕЛС Ново Село. Регионалниот пат с.Смоларе - с.Мокрино e во прекин поради големи наноси на патот. Интервенирано е со скип од ЕЛС Ново Село на делот кај с.Самоилово. Во текот на денот ќе се постави сигнализација а утре ќе се интервенира за дорасчистување на наносот. Другите патни правци се проодни. Денес ќе се излезе и на увид на штетите во с.Мокрино. Во општина Босилово, реката Струмица се има излеано на 2 -3 места кај м.в.Порој Азмак и при тоа е поплавено земјоделско земјиште и дворови на преку 30 куќи, но штета на куќите нема. Помали багери од ЕЛС Босилово работат на санирање на штетите а во текот на денот се очекува интервенција и од поголеми багери за целосно расчистување на наносот.

ЛИНК: https://fb.watch/9RtKsDKq_8/