Во рамките на активностите за превенција и рано предупредување пред почетокот на зимската сезона екипa составена од вработени од ПО РЦУК Кичево, претставници од ОВР Кичево и ОО на Црвен Крст Кичево извршија посета на селата Видрани, Туин, Букојчани и Ехлоец во текот на изминатиот месец.
Средбата со населението беше со цел да се утврди подготвеноста на жителите за претстојниот зимски период, особено при евентуални интензивни врнежи од снег проследени со прекин во одвивањето на патниот сообраќај. Овие активности ПО РЦУК Кичево ги превзема во изминатите години за да го запознае населението со потребата редовно да биде снабдено со доволни количини храна и лекови , но и храна за домашните животни кои ги одгледува. Жителите се запознаа и со значењето и употребата на бесплатниот број за итни повици 195 во случај на подолготрајна изолираност во услови на високи снежни врнежи.
Посетата се искористи и за утврдување на можноста за поставување на радиостаници од УКБ радио системот за известување на ПО РЦУК Кичево, со оглед на искуството од минатите години кога при обилни врнежи од снег овие населени места останувале некој период и без снабдување со електрична енергија како последица на тешко пристапниот терен за екипите за поправка на електричната мрежа. Населението се запозна со предноста на УКБ системот при вакви непогоди, особено во случај на прекин на останатите врски.
За време на посетата претставниците од ОО на ЦК на дел од семејствата им поделија хуманитарни пакети со храна и производи за лична хигиена.
Активноста за посета на населените места кои се наоѓаат на поголема надморска висина ПО РЦУК Кичево ќе ја продолжи и во наредниот период.