Штипски регион
Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 1.000 ха борова шума и нискостеблести растенија. Моментално покритично е на м.в.Света вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци.
Интервенираат 60 припадника на АРСМ, 25 вработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива; 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренски возила, 2 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило, ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип, РЦУК Делчево со 2 вработени, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР Тигри со 24 вработени, МВР ЕБР со 22 вработени, ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило и Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.
На територијата на општина Пехчево, пожарот кај м.в.Бајаз Тепе сеуште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Пожарот околу с.Црник е ставен под контрола, каде на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над с.Мачево и таму има екипи распоредени. Интервенираат: ШС „Равна Река“ Пехчево со 30 работници и 6 теренски возила; ШС Малешево Берово со 15 работници и 4 теренски возила; АРСМ со 100 војника; ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 1 теренско возило и 2 цистерни; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 1 ПП возило и 2 пожарникари; Р.Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари; ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило; РЦУК Берово со 2 вработени; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; Месно население – 60 луѓе; Р.Словенија со 17 возила и 45 луѓе; Австрија со 60 пожарникари и 20 возила.
Струмички регион
Пожарот кај м.в.Погана, сеуште е активен, особено во делот напосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарени се околу 1.350 ха. Интервенираат ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со 7 лица; ЕВН Битола со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило; ШС Кожуф Гевгелија со 33 вработени со 3 возила; ЈПКД Комунална чистота Богданци; 10 жители со 1 трактор и 2 мотора од н.м.Казандол.
Пожар кај с.Погулево, со кој е зафатеана сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Интервенираат ТППЕ Радовиш со 10 пожарникари со 2 ПП возила, ШС „Плачковица“ – Радовиш со екипи и екипа од „Боров Дол“.
Скопски регион
Пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ (опш.Сарај) интервенира БППЗ со една екипа. ШС Караџица известиле дека во 14:30 часот ќе испратат една екипа со 4 пожарникари и цистерна, додека од НП Јасен имаат луѓе на терен и контролираат пожарот да не се префрли во Националниот Парк. Има и претставници од ЕЛС Сарај.
Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен. Исто така и пожарот на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.
На двата пожари интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС Црн Бор Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП Водовод и Канализција – Прилеп со 10 вработени и ЈКП Комуналец – Прилеп со 8 лица.
Кумановски регион
Пожарот во с.Бељаковце е активен и се шири према с.Довезенце. Интевенираат АРСМ со 80 војници, ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и 2 ПП возила, како и лица од ШС Куманово.
Тетовски регион
Во општина Гостивар, активен е пожарот кај Пожаране и на истиот интервенираат ШС „Шар“ – Гостивар.
ТППЕ Гостивар известува дека имале уште три интервенции кои се завршени и тоа:
- Во с.Печково каде гореле сува трева и грмушки, а интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило и теренско возило;
- Во с.Бањице кај Касарната каде гаснеле сува трева со 4 пожарникари и 2 ПП возила;
- На автопатот Гостивар – Тетово гаснеле сува трева во нива, а интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.
ТППЕ Тетово извествува дека со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре во нива во с.Жеровјане и пожарот е изгаснат.
РЦУК Тетово, известува дека во сите општини кои ги покрива РЦУК Тетово имаат свикано кризни штабови, и во сите кризни штабови учествуваат вработени од РЦУК Тетово. Исто така во ПО РЦУК Тетово е активен регионалниот штаб.
Велешки регион
Пожарот на Богословски рид (опш.Свети Николе) сеуште е активен а опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 ха. Од утрово интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и 3 ПП возила, ДППД Свети Николе со 6 пожарникари и 2 ПП возила, ЈКП со 15 вработени, како и поголем број на вработени од ШС Свети Николе.
Овој пожар е префрлен и на територијата на општина Штип, и тоа кракот кон с.Добришани под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон р.Брегалница и притоа не загрозува објекти и населени места. Екипа на ТППЕ Штип работи на негово локализирање. Кракот кој гори во близина на магацините на АРСМ во с.Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање. Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари и теренско возило; ЈП Стипион Штип со теренско возило, РЦУК Штип со 1 вработен со теренско возило и АРСМ со 30 војници и 1 цистерна.
Во општина Велес, пожарот во близина на населбата Дорутовец е изгаснат во целост во 07:00 часот. На терен се наоѓа една дежурна екипа од ТППЕ Велес за спречување на евентуално обновување на пожарот.
Во општина Кавадарци пожарот кај м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден е локализиран во 20:00 часот на ден 05.08.2021 година. Од утринските часови на терен се ШС „Бор“ Кавадарци со 8 вработени и 2 возила кои вршат обиколка и по потреба интервенираат на места каде има чадење во опожарената површина.
Пожарот во близина на с.Возарци (опш.Кавадарци) е локализиран во 09:50 часот, а на истиот интервенирале ТППЕ Кавадарци со 7 пожарникари и 2 ПП возила и ЕУРОНИКЕЛ Кавадарци со 3 пожарникари, 1 ПП возилo и 1 теренско возило. Во внатрешноста на опожарената површина има на неколку места чадење и за дежурство оставена е екипа од ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
Охридски регион
Пожарот помеѓу селата Косел и Расино, кој започна во 20:15 часот на ден 05.08.201 година, е локализиран во 07:00 часот на ден 06.08.2012 година. Интервенирале ШС Охрид со 12 вработени со 1 ПП возило и ТППЕ Охрид со 3 пожарникари и 1 ПП возило.