Денеска 18.5.2021 вд директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов учествуваше на Регионалната школа за безбедност 2021: Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на регионот Западен Балкан во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс – Брисел.
Оваа инцијатива која се имплементира шеста година по ред има за цел да поттикне соработка и размена помеѓу студенти и млади професионалци, како и експерти и претставници од академската фела од областа на безбедноста и меѓународните односи од земјите во регионот.
Оваа година на школата учествуваат студенти и експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од Северна Македонија, Албанија, Грција и Србија.
На официјалното отварање на настанот свое обраќање и краток осврт на темата имаа:
г-н Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија;
д-р Ханс-Герт Петеринг, Поранешен Претседател на Европскиот Парламент и Висок претставник за европски прашања на Фондацијата Конрад Аденауер - Берлин;
д-р Вернер Фаслабенд, Претседател на Академскиот совет на Центарот за европски студии Вилфрирд Мартенс – Брисел. Поранешен Министер за одбрана на Австрија;
Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија;
Н.Е. Кејт Мари Брнс, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија;
Проф. Марјан Ѓуровски, Проректор на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола.