Денеска, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во рамки на активностите за ранопредупредување и превенција и соработка со невладини здруженија, имаше средба со претставници на Домот за техничка култура „Народна техника- Штип“, во контекст на сферата на управувањето со кризи.
Присутните Ванчо Инџекаров, претседател на здружението, Зоран Крстевски извршниот директор и Данчо Миленковски презентира податоци и можности за квантитето и квалитетот на капацитетите, техниката – авионите и едрилиците и човечкиот потенцијал, а и со можностите за обука на кадри коишто би биле во рамки на сферата за превенција, справување, а и и управување со кризи. Присутните посочија, дека иако како здружение имаат статутс на аматери, но податоците зборуваат дека обчениот кадар што произлегол од нив е на рамниште на професионалците во Светот. Како пример, посочија дека имаат 10 професионални пилоти произлезени од кај нив и дека некои се врвни во Свет, пилотирајќи за разни авиокомпаниии секаде во светот. Слично било и со радиоаматерите од коишто произлегол и светски шампион пред неколку децении, а континуитетот продолжил со врно обучени радиоаматери, при што минатата 2020 година имале и европски шампион во таа категорија. Потсетија дека порано имало специјализирана Радио мрежа за опасности, што како искуство може да се имплементира, согласно современата техника и можности, во системот за управување со кризи. Во контекст на соработка во сферата на управувањето со кризи посочија дека здружението поседува спортски аеродром, хангари, два авиона и нова едрилица.

Инаку, Домот за техничка култура Народна техника - Штип“ се наоѓа во строгиот центар на градот Штип. Во домот за техничка култура активно работат следните клубови и друштва: Радио клуб “Никола Тесла“ со своите секции: Радио примо предавателна, Радио гониометриска, Конструкторска, Информатичка и Секција за дигитални комуникации.