Денеска, 11 мај, во Центарот за управување со кризи беше организиран работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2021“.
На состанокот, покрај вд директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, присуствуваа претставници на дел од институциите кои имаат надлежност во справување со пожари, односно – командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Македонски Шуми“.
 

Беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари. Навремената реакција и справување со појавен пожар во голема мерка ќе ја намали потребата од интервенција со поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно и локализирањето ќе биде извршено пред проширување на пожарот со вклучување на помал број на човечки и материјално - технички ресурси.
На состанокот беа потенцирани и сите проблеми и недостатоци со кои субјектите досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои сеуште не е изнајдено соодветно решение, со цел истите да се надминат во најбрз можен рок.