Денеска (15.04.2021), Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во рамки на континуитетот воспоставен од почетоков на годинава, оствари работна средба со претставници на спасители во природа, но и во урбани средини, конкретно со: Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија и раководител на Спасителната служба „Златоврв“ и Сашко Петрески од СС „Златоврв“. Средбата беше остварена секогаш актуелната тема: спасување човечки животи, по меѓународни стандарди во нашата држава, при тешки временски услови и на тешко пристапни места во сите годишни времиња.
На средбата со Ангелов о ЦУК, беа разменети информации за обостраните можности за соработка и координација за воспоставување релации и за спасување човечки животи во природа (во пештери, длабоки јами и слично), но и во урбани средини, при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби и соработка со ЦУК за спасување човечки животи во природа е планирано да продолжи.