Денеска (29.03.2021), Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи учествуваше на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, што се одржа преку видеоконференциска интернет врска, со главна генерална тема за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на вирусот „SARS-CoV-2“ и претстојната вакцинација.
Коордирањето на сите учесници на состанокот, согласно и работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и на животот на населението во државата. Практично, тоа се извршува преку сеопфатно и сестрано координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период за активностите во врска со претстојната вакцинација, при што на седниците на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК учествуваат, покрај претставници на субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), назначени согласно и Законот за управување со кризи, дел од стручните лица од ЦУК, а и претставници од науката за одбрана, безбедност и кризнен менаџмент и од граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, (покрај редовната соработка со Црвениот крст на Р. С. Македонија) со што се остварува сестрано заедничко согледување, координирање, дејствување, а и надоградување во одредени сегменти во заедничката борба во нашата држава и Регион, против светската пандемија.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање. Инаку, поврзувањето и со научната мисла од областа на кризниот менаџмент, одбрана и безбедност, при одредени етапи од управувањето со кризи – конкретно при координирањето на справувањето со пандемијата во државата, се остварува и со непосреден контакт со реална непосредна присутност и согледување на практикувањето на управувањето со кризни ситуации, а и со размена на мислења за тој процес. Тоа, поврзувањето на науката со оперативата, дава можен реален правец на согледувања за можна креација и надоградување на сегашна, а и на идна системска поставенот во државата во контекст на идни соочувања со предизвици при управувањето со кризи.
За одбележување е и што невладиниот сектор стратешки пројави голема општествена свест и се координира со Центарот за управување со кризи. Учеството на надворешни соработници од невладиниот сектор во работата на Главниот штаб за управување со кризи е проширување на фронтот за борба против пандемијата и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.