Скопски регион
Во општина Чучер Сандево, патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снежните врнежи. Исто така има прекин во снабдување со електрична енергија во истите села.
Битолски регион
Од жители од с.Древеник добиено е известување дека патот до селото е непрооден (има околу 50 см снег), за што се известени ЕЛС Битола и ДЗС Битола.
Во општина Демир Хисар од страна на ЈКП „Комуналец“ се вршело расчистување на патните правци во населени места Стругово, Загориче, Утово, Обедник, Смилево, Слепче, Вирово и Слоештица. Патните правци кон планинските населени места Мало и Големо Илино, Зашле и Радово се проодни со теренски моторни возила.
Тетовски регион
На Попова Шапка се привршува со чистењето на викенд населбата, а и патот до подшарпланиските села е пробиен и сите села се оспособени за сообраќај во потешки услови со остатоци од снег на коловозите.
Охридски регион
Локалните патни правци во Дебар и Центар Жупа се проодни и чисти во зимски услови и зимска опрема.
Во општина Македонски Брод, патиштата од с.Самоков кон Поречието не се проодни.
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричани, локалните патни правци од с.Арбанашко кон селата Длабочица, Буковљане, Малотино, Мгленце како и селата Цветишница, Жељувино се непроодни.
Во општина Липково патните правци кон повисоките населени места како што се Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. можно е движење само со теренски возила.
Во општина Крива Паланка локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, е непрооден поради висина на снег и отсечено е с.Дренак.
Во општина Ранковце регионалните патен правец Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште, од с.Пклиште до с.Герман е непрооден поради висина на снег на патот. Патот ќе се чисти во текот на денешниот ден. Локалниот пат (земјен) кон с.Криви Камен е непрооден поради висина на снегот.
Во општина Кратово сообраќајот на локалниот патен правец од Кратово до с.Мушково до с.Каврак не се одвива. Отсечени се селата Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово и Каврак поради снежна покривка од 50-60 см. Пробивање на овој патен правец е започнато и исчистено е до пред с.Близанци. Чистењето ќе продолжи и во текот на денешниот ден
На локалниот патен правец с.Туралево – с.Коњух сообраќајот се одвива со возила со зимска опрема. Висината на снежната покривка на овој дел е 15-20 см. Патниот правец од с.Сакулица до с. Татомир е тешко прооден поради висина на снежната покривка која е 20-25 см.
Од ЕВН Македонија известува дека без напојување со електрична енергија се корисниците:
- Таор, Ново Село, Зелениково, Тисовица, Црвена вода, Дражилово, Алдинци, Елово, Средно, Долно и Горно Коњари, Дивље и Сушица (Скопје);
- Чифлик и Голак (Делчево);
- Доленци, Жван, Вирово, Слоештица, Бабино, Базерник, Церово и Илино (Битола);
- Драгоманце, Жегљане, Арбанашко, Рамно, Длабочица, Буковљане, Осиче, Облавце, Орах, Руѓинце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце и околните села (Куманово);
- Орашац, Герман, Криви врв, Нерав (Крива Паланка)
- Голем Папрадник, Џепиште, Параленик (Дебар).