На ден 18.03.2021 година се изврши проверка на исправноста на радиостаниците кои се дел од УКБ РМр за известување на ПО РЦУК Кичево.
Обиколката ја изврши екипа составена од раководителот на ПО РЦУК Кичево, самостојниот референт за оперативно технички работи од ПО РЦУК Кичево и помошникот командир од ОВР Кичево за јавен ред и мир и превенција определен за соработка со РЦУК Кичево, кои на лице место утврдија дека радиостаниците се во добра состојба
 
.

Посетата беше искористена и за разговор со одговорните лица во селата Белица, Прострање, Мало Црско и Крушица, за проблемите со кои се среќаваат жителите на овие села за нивно нормално секојдневно функциониорање.