Денеска, (12.03.2021 год.) во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа работна средба со в.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и претставници на Доброволното Противпопожарно Друштво (ДПД) од Свети Николе
На состанокот, претставниците на ДПД го информираа в.д. директорот Ангелов за остварените активности во делот на превенција и справувањето со разни ризици и опасности (пожари на отворен простор, урбани пожари, поплави, големи собраќајни несреќи, земјотреси и др.).
Центарот за управување со кризи ја интензивира соработката со невладините организации ( НВО), здруженијата на граѓани и граѓанските друштва каде припаѓа и Доброволното Противпопожарно Друштво од Свети Николе и сите иницијативи и предлози секогаш ќе бидат добродојдени за подобрување на целокупниот систем за управување со кризи.