Во рамките на повеќегодишните активности поврзани со имплементација на INSPIRE Директивата на ЕУ, Република С. Македонија постигна значителни резултати, што вклучуваше изработка на Национална Стратегија за просторни податоци, потоа изработка и донесување на Закон за национална инфраструктура на просторни податоци и почетно воспоставување на Национален Геопортал.

Центарот за управување со кризи беше дел од сите наведени активности и активно придонесуваше во изградбата на националната инфраструктура на просторни податоци. Сето ова беше поддржано преку проектна соработка со Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), која се одвива во континуитет од 2011 година па наваму со реализација на неколку проекти од областа на управување со ризици од катастрофи, пред се мониторинг и процена на ризикот од шумски пожари, поројни поплави, свлечишта, ерозија на почва и друго.

Оваа соработка со JICA резултираше со целосна дигитализација на активностите во рамките на Системот за управување со кризи, во сегментот на мониторинг и процена на ризици, превенција и рано предупредување. Исто така преку оваа соработка се обезбеди техничка помош на ЦУК, трансфер на знаења, искуства и добри практики од Јапонија, која е земја со најнапредни постигнувања во управувањето со катастрофи.

Во моментов на новиот Националниот Геопортал се објавени 161 мета податоци и 79 веб сервиси кои се однесуваат на 82 видови на просторни податоци објавени од страна на 5 институции (АКН, МЗШВС, ЦУК, УЗКН и АПП), што покажува дека гео-порталот е во напредна фаза и континуирано се надополнува со нови податоци.

На Геопорталот можете да пристапите преку следниот линк: https://nipp2.katastar.gov.mk:5001/nipp2/ .

Исто така може да се линкува информацијата која е на сајтот на Владата: https://vlada.mk/node/24349