Скопски регион

Локалните патни правци кон селата Танушевци и Малино Маало се проодни, останува уште да се прочисни патот кон Брест во општина Чучер Сандево.

 

Охридски регион

Патниот правец во Малесијата (Струшко) се чисти и моментално е исчистен до с.Збажди и ќе се продолжи до с.Локов

               

Велешки регион

Во Општина Чашка,  сите патни правци се проодни во зимски услови. Во Општина Свети Николе во моментот се работи на чистење на патните правци за селата Малино, Крушица, Патетино и Алакинци . Екипите се на терен и работат на расчистување на снежните наноси.

                             

Кумановски регион

Во Општина  Старо  Нагоричане, во Козјачијата и Карадачкиот планински венец во голем дел се со непроодни локални патни правци ( претежно макадамски, селски патишта ) кои ги поврзуваат со општините.

Прочистени  се  делумно  патните  правци  само  према  Арбанашко   каде  сообракајот  се одвива  во  зимски  услови  и  само  за  теренски  моторни возила. А во останатите сеелски повисоки планински предели како с. Цветишница, Цвиланце, Дренак ќе се  чисти  во наредните денови.

Во Општина Липково регионалните и локални патни правци во општината во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривка е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата: Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Р нковце, Руница, Стража и Стрима во Општина Липково, но голем дел од селата се без население.

Регионалните патен правец  Крива Паланка-село Огут е прооден по влажен коловоз. Регионалните патен правец Крива Паланка-село Луке е прооден по влажен коловоз. Регионалните патен правец Ранковце – село Герман е прооден до село Пклиште, од с.Пклиште до село Герман е непрооден поради висина на снег, но се чисти овој патен правец.  Отсечени се селата: Германи Пклиште.

Регионалниот патен правец Ранковце – село Крилатица, општина Кратово е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во село Крилатица. Локалните патни правци во општина Ранковце се проодни во зимски услови. Локалниот пат(земјен) село Петралица – село Баратлија е прооден само со теренско возило. Локален (земјен) пат село Радибуш – село Криви Камен е прооден само со теренско возило. Локален (земјен ) пат кон село Милутинце е прооден само со теренско возило.

Локалните патни правци во општина Крива Паланка се проодни во зимски услови. Надлежните од Општината од утринските часови  ги чистат. Локален пат  Крива Паланка- село Трново, патните правци кон Калин Камен и манастирот св.Јоаким Осоговски, како и локални патишта во село Мождивњак, локален (земјен ) пат село Дурачка Река – село Дренак, непроодни поради висина на снег, отсечено е село Дренак. Локален земјен пат село Мождивњак село Борово е непрооден поради висина на снег, отсечено е село Борово. Локален пат село Огут – село Нерав, е прооден само со теренски возила. Останатите локални патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

На локалниот патен правец од Кратово до с Каврак во планинскиот дел има снежна покривка од 35-40 цм. Сообраќајот до с.Мушково  се одвива со теренски возила, додека од с.Мушково до с.Каврак не се одвива. Отсечени се селата Нежилово и Каврак. На локалните  патни правци во низинскиот дел сообраќајот се одвива со возила со зимска опрема. Во текот на вчерашниот ден патниот правец од с.Сакулица до с. Татомир е исчитен, со што овој патен правец е оспособен и сообраќајот се одвива со возила со зимска опрема. Патниот правец о с.Крилатица до с.Ранковце и понатаму е во прекин поради однесен премин преку К.Река.