Скопски регион

Од ЈСП Скопје известуваат дека поради лизгавоста на коловозот од врнежи од снег скратени се повеќе линии, додека на дел од линиите сообраќајот воопшто не се одвива. ЈП „Улици и Патишта“ – зимската служба на град од 07.00 часот изутрина интензивно се вклучени во посолување на кружниот тек „Детелинка“.

           

Битолски регион

Сите патни правци во општина Новаци се проодни во зимски услови. Сите патни правци во општина Могила се проодни во зимски услови. На територијата на општина Демир Хисар, поголем дел од патните правци се очистени и проодни, освен патниот правец кон село Радово кој е прооден со теренски возила и патниот правец кон село Боишта  кој поради подлогата и конфигурацијата на теренот е непрооден.

Локалните патишта кон селата во Мариовскиот регион: Кокре, Пештани, Вепрчани и Полчиште не се исчистени, а сообраќај е можен само со теренско возило.

Во општина Крушево, регионалните и локалните патни правци се проодни и сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашаст снег, а во некои делови е потребна и зимска опрема.

 

Струмички регион

Во општините Радовиш и Конче сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови.

 

Охридски регион

Во општина Струга во моментот се работи на расчистување на патниот правец кон Мелесија и истиот е исчистен од с.Збажди, а се планира да биде исчистен до с.Локов.

 

Велешки регион

Во општина Свети Николе во моментот непроодни се патните правци кон селата: Малино, Крушица, Алакинци и  Патетино  и се работи на расчистување.

 

Штипски регион

Во општина Штип непрооден е патниот правец кон с.Почивало и се работи на негово расчистување. Во останатите општини Кочани, Пробиштип, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица се проодни со остатоци од снег на коловозите и сообраќајот се одвива во зимски услови.

 

Кумановски регион

Во општина  Старо Нагоричане, поголема снежна покривка има во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец и истите во голем дел се непроодни локални патни правци (претежно макадамски, селски патишта) кои ги поврзуваат со општините. Прочистени се делумно патните правци само према Арбанашко каде сообраќајот се одвива во зимски услови и само за теренски моторни возила, додека кон останатите селски повисоки планински предели како селата Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак се прават напори за прочистување во наредните денови.

Во општина Липково регионалните и локални патни правци во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривака е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Руница, Стража и Стрима, но голем дел од селата се без население (испразнети, а објектите претворени во викенд куќи).

ЕЛС Крива Паланка известуваат дека од утринските часови  ги чистат локалните патни правци Крива Паланка- село Трново, патот кон Калин Камен, кон манастирот св. Јоаким Осоговски како и локални патишта во село Мождивњак. Локален пат с.Огут – с.Нерав, прооден е само со теренски возила. Локален (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак. Локален земјен пат с.Мождивњак – с.Борово е непрооден поради висина на снег, отесечено е с.Борово. Останатите локлани патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

Во општина Ранковце, регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште. Отсечени се селата Герман и Пклиште. Надлежните од ЕЛС Ранковце известуваат дека од утринските часови ги чистат патиштата кон с.Осиче. Локалните патни правци (земјени) с.Петралица – с.Баратлија, с.Радибуш – с.Криви Камен и кон с.Милутинце, проодни се само со теренско возило. Регионалниот патен правец Ранковце (опш.Ранковце) – с.Крилатица (опш.Кратово) е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во с.Крилатица.

Во општина Кратово локалниот патен правец од Кратово до с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 см и сообраќајот не се одвива. Отсечени се селата Нежилово и Каврак. Патниот правец од с.Сакулица до с. Татомир е исчитен со што овој патен правец е оспособен и сообраќајот се одвива со возила со зимска опрема. .

 

Тетовски регион

На повисоките планински села на патните правци има остатоци на снег и сообраќаот по истите се одвива отежнато и во зимски услови.