Битолски регион
Во општина Демир Хисар не е исчистен патот кон селата Боишта и Радово кои се патишта со земјена подлога.
Охридски регион
Во општина Струга се чисти патот од с.Мислодежда до с.Збажди. Во општина Кичево се расчистува патот кон с.Малкоец.
Велешки регион
Поради наноси од снег во текот на вчерашниот ден се чистел патниот правец кон с.Кошани и кон селата Шешково и Праведник во општина Кавадарци. Во општината Свети Николе се работи на чистење на патните правци за селата Малино, Крушица и Алакинци.
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата Дејловце, Малотино, Мгленце, Буковљане и Бајловце кон Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак (добар дел од Козјачкиот планински регион претежно е поврзан со земјени тампонирани патишта).
Во општина Липково непроодни се локалните патни правци кон селата Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Ранковце, Руница, Стража и Стрима - голем дел од селата се без население (викенд куќички);
Во општина Ранковце регионалните патен правец с.Пклиште - с.Герман е непрооден.
Во општина Кратово регионалниот патен правец с.Ранковце – с.Крилатица во е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во с.Крилатица. Се чистеле патиштата во селата Отошница и Радибуш. Локалните (земјени) патишта с.Петралица – с.Баратлија, с.Радибуш – с.Криви Камен и патот кон село Милутинце, се проодни само со теренско возило. Локалниот патен правец Кратово - с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 см и сообраќајот не се одвива. Сообраќајот во низинскиот дел се одвива со теренски возила до с.Коњух, а патниот правец с.Сакулица - с.Татомир е прочистен и сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови.
Во општина Крива Паланка се чистеле локален пат Крива Паланка – с.Градец, локален пат Крива Паланка – с.Станци, како и локални патишта во с.Мождивњак. Локален (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак е непрооден поради висина на снег. Локален земјен пат с.Мождивњак - с.Борово е непрооден поради висина на снег. Локален пат с.Огут – с.Нерав, е прооден само со теренски возила. Останатите локални патишта кои водат кон селата во општината се проодни, но само со теренско возило.