Скопски регион

Во општина Сарај на патот кон с.Раовиќ сообраќајот се одвива редовно, но со користење на зимска опрема. Во општина Чаир патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снежните врнежи. Во општина Кисела Вода автобусите на линијата бр.58 не сообраќаат до селата Чифлик и Света Петка. На територите на општина Зелениково сите улици се проодни само во селата Строхојадица и Пакошево и во овие села не сообраќаат автобуси. Без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест.

Од ЈСП Скопје известуваат дека поради лизгавоста на коловозот скратени се повеќе линии, а целосно не сообраќаат автобусите на линиите за селата Орланци Грушино, Јаболци, Нова Брезница, Горно Количани и Долно Количани, Маркова Сушица, Држилово, Патишка Река, Страхојадица и Цветово

ЈП Улици и Патишта - зимската служба на град Скопје од 07:00 часот изутрина интензивно се вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници на трети ленти, подвозници, надвозници, мостови и критични  места во градот, и при тоа се употребени  52 тони сол.     

 

Битолски регион

Патните правци кон населените места во општина Битола се проодни во зимски услови. Се очекува во текот на денешниот ден да бидат исчистени локалните патишта до селата  Гопеш и Орехово.

Во општина Новаци, во моментот  се работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште и се очелува истиот да биде завршен во текот на денот.

Во општина Демир Хисар во текот на денешниот ден се чистат патиштата кон селата Доленци, Брезово, Радово, Големо и Мало Илино, Железнец, Бабино, Базерник, Слоештица, Мренога, Вирово, Церово и Боишта.

Во општина Прилеп, во с.Вепрчани останати се 6 лица од Кавадарци, кои поради неисчистени патишта и бараат помош за  евакуација. До овој момент лицата имаат храна, огрев и се добро. Кординирана е акција од ПОРЦУК Прилеп со гранична полиција во с.Витолиште и ЕЛС Прилеп односно ТППЕ Прилеп да се направи обид за евакуација со теренски возила.

Регионалниот пат Р 107 Прилеп -Витолиште не е исчистен, а сообраќај на овој патен правец е можен само со теренско возило.

Во селата во Мариовскиот регион - Бонче, Крушевица, Чаниште, Кален, Дуње, Вепрчани, Пештани, Кокре, Манастир, Бешиште и Полчиште не се исчистени локалните патишта и истите ќе се чистат по чистењето на Регионалниот пат Прилеп - Витолиште. Сообраќај е можен само со теренско возило.

 

Струмички регион

Во општините Радовиш и Конче сообраќајот се одвива во тешки зимски услови. Екипите се на терен и се врши чистење на патиштата. Во општина Валандово сообраќајот се одвива отежнато, поради замрзнатиот снег. Сите патишта - магистрални, регионални и лoкални се проодни

 

Охридски регион

Магистралните и регионалните патни правци во Охридскиот регион се проодни во зимски услови со поставените забрани на планинскиот превој Стража и правците Струга - Ќафасан, Дебар - Струга и Дебар - Маврово.

Во општина Дебрца непроодни се патиштата кон селата Мраморец и Црвена Вода. Од утрово работат екипи за пробивање на патните правци кон овие селата.

Во општина Струга непроодни се патните правци до населените места во Малесија - Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Брчево, како и селата Вишни и Горна Белица.

Во општина Дебар не е прооден патниот правец за с.Осој, а екипи работат на терен за негово чистење.

Во општина Кичево патиштата до дел од населените места од Вранештичкиот и Друговскиот регион се расчистуваат и сообраќајот се одвива во зимски услови. Во моментот се работи на селата од Рбетинска Река, на патниот правец од селата Мало Црско и Цер и на патниот правец за селата Иванчишта, Душегубица и Кладник. Во текот на денешниот ден ќе бидат исчистени и овие населени места кои во моментов се проодни само со теренски возила.

Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата Бенче, Битово, Волче, Заград и Ботушје. Екипи работат на терен за расчистување на овие патни правци.

               

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион магистралните и региоанлните правци се проодни. Тетово - Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Во текот на денешниот ден ќе се чисти снегот на паркинзите на Попова Шапка и викенд  населбата.

Во ЕЛС Теарце не се исчистени патиштата до селата Брезно, Варвара, Јелошник и  Првце но истите не се населени (едно/две семејства) и доколку има потреба за некој од овие патишта веднаш ќе се интервенира.

Во општина Маврово и Ростуше, во Горно - Реканскиот регион се очекува во текот на денот да бидат очистени патиштата кон селата Врбјане, Сенце и Нистрово. Во Долно - Реканскиот регион од 14.02.2021 година се без напојување со електрична енергија и се работи за отстранување на дефектите.

Очистена е и обиколницата околу Мавровското езеро но сообраќајот се одвива во зимски услови. Снежната покривка е околу 60 см и сеуште продолжува забраната за тешки товарни возила во магистралниот патен правец крак Маврово -Дебар.

 

Велешки регион

Во тек е расчистување на патниот правец Велес - с.Раштани - с.Бузалково. Се врши посолување на патниот правец с.Отовица - с.Сујаклари и с.Мамутчево - с.Иванковци, како и улиците во повисоките делови од градот.

Во текот на денот врши проширување на патните правци Градско – Прилеп до тунелот Фариш и Кавадарци - Росоман.

Во опш.Демир Капија во моментот се расчистува  патот кон с.Челевец,  додека патот кон с.Барово е непрооден.

Во општините Свети Николе и Лозово непроодни се патните правци за селата Малино, Крушица, Алакинци, Патетино, Орел и Павлешенци каде се работи на расчистување од екипи ангажирани од општината. 

 

Штипски регион

Меѓуградски патни правци се проодни за сите видови на возила. Само во ридско планинските села во општините Штип и Карбинци патиштата сеуште не се исчистени и се оди со теренски возила. Екипи на ЈП од истите општини се на терен

 

Кумановски регион

Во општина Липково и Старо Нагоричане има поголема снежна покривка во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец и истите се во голем дел со непроодни локални патни правци (претежно макадамски и селски патишта) кои ги поврзуваат со општините.

Во општина Липково регионалните и локалните патни правци во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во Планинскиот дел селата кои се на повисоките места се непроодни. Непродони се локалните патни правци кон селата Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Рнковце, Руница, Стража и Стрима но голем дел од истите се без население – функционираат како викенд населби.

Во општина Старо Нагоричане  непроодни се патните  правци кон селата Длабочица, Арбанашко, Дејловце, Малотино, Мгленце, Буковљане, Бајловце кон Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак, впрочем добар дел од Козјачкиот планински регион, кој претежно е поврзан со макадамски - земјени тампонирани патишта од локално ниво.

Во општина Куманово во моментот сеуште се работи на оспособување на сите патни правци кон селата од Которлкот. Во попладневните часови ќе се чисти патот кон с.Брзак (земјен пат), а ќе се направат напори во текот на денот да се дејствува и на макадамскиот пат кон селата Косматец и Мургаш.  На 195 добиено е известување дека патниот правец Брзак - Агино село и патниот правец Косматац - Мургаш кон Новосељане се непроодни и на истиот има наноси од снег и до 80 см.

Во општина Крива Паланка, регионалните патен правец Крива Паланка – с.Огут е непрооден поради висина на снег на патот. Отсечени се селата Нерав, Огут, Метежево, Подржикоњ, Габар и дел од с.Осиче. Во моментот се чисти овој патен правец.

Регионалните патен правец Крива Паланка – с.Луке е прооден само со теренско возила и во моентот се чисти. Локален пат с.Огут – с.Нерав, непрооден поради висина на снег. Локален (земјен ) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак. Локален земјен пат с.Мождивњак - с.Борово е непрооден поради висина на снег, отесечено е с.Борово. Останатите локлани патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

Регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е непрооден. Отесечени се селата Герман, Пклиште, Станча и Гулинце. 

Регионалните патен правец Ранковце – с.Крилатица, опш.Кратово е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во с.Крилатица.

Во општина Ранковце надлежните од Општината од утринските часови ги чистеа улиците и патиштата во селата Опила, Одрено, Псача и Петралица. Локалниот пат (земјен) с.Петралица – с.Баратлија, локален (земјен) пат с.Радибуш – с.Криви Камен и локален (земјен ) пат кон с.Милутинце се проодни само со теренски возила.

Во општина Кратово локалниот патен правец од Кратово до с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35  цм. Сообраќајот не се одвива. Сообраќајот во низинскиот дел се одвива со теренски возила до с.Коњух. Патниот правец с.Сакулица - с.Татомир е во прекин поради снежна покривка од 30 цм. Овие патни правци ќе се чистат во текот на денешниот ден.