Тетовски регион

Отежнато е движењето во повисоките планински села каде се препорачува употреба на зимска опрема и без поголема потреба да не се напуштаат домовите. Висината на снежната покривка во пониските делови е околу 20 сантиметри, додека на повисоките места е до 65 сантиметри. Во Гостиварскиот регион се дорасчистуваат патните правци кон подалечните села. Во Мавровскиот регион се расчистуваше патот до селата Дуф, Леуново, Сенце, Никифорово, Мистрово  и еден дел од Врбен. Со расчистување на овој патен правец ќе се продолжи и во текот на денешниот ден.

                 

Охридски регион

Во општина Струга непроодни се патните правци во Малесија (Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Брчево), во регионот-Горни Дримкол (Јабланица, Нерези, Пискупштина, Модрич, Дренок, Горно Луково, Безево) како и Вишни и Горна Белица. Во општина Кичево непроодни се патните правци за селата Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Попоец, Малкоец, Прострање, Цер и Црско.  Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата Горно и Долно Крушје, Битово, Волче, Заград, Долно и Горно Ботушје, Звечан, Рамне, Брест, Црешнево, Брезница, Дреново, Косово и Лупште.

 

Велешки регион

На подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско сите патни правци и улици се проодни и нема застој во одвивање на сообраќајот. Исто така се врши редовно чистење на регионалните и магистралните патишта. Патот кон с.Бузалково и с.Иванковци е сеуште непрооден. Се работи на расчистување на патиштата во двете села.

На подрачјето на општините Кавадарци и Росоман висината на снежната покривка во ридско-планинскиот дел е 1 метар. Се работело на расчистување напатните правци во ридско-планинскиот дел.

На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово сите регионални и магистрални патишта се проодни. Не е проодно кон селата Сопот, Малино, Преод, Крушица, Алакинци, Трстеник и патниот правец од с.Ерџелија до с.Мустафино. Екипи од ЕЛС Свети Николе работеле на расчистување на патот.

 

Штипски регион

На територијата на општина Виница непрооден е патниот правец кон с.Калиманци. ЈП „Солидарност“ во текот на денешниот ден ќе го расчистува овој патен правец.

Во ЕЛС Карбинци, низинските патни правци се проодни додека селата од Плачковичкиот регион Јонузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Парналија и Кучица се пристапни само со теренски возила.

 

Кумановски регион

Во општините Липково и Старо Нагоричане, во повисоките планински предели има поголема снежна покривка и патните правци во тој дел се непроодни. Непродони патни правци во општина Липково се патните правци кон селата Липково - Глажња, Лукаре, Гошинце, Белановце, Думановце, Извор, Ранковце, Ропалце, Руница, Стража и Стрима.

Во општина Старо Нагоричане  непрооден е регионалниот патен правец од трета категорија  Старо Нагоричане - Длабочица,  а отсечени се селата Жегљане, Арбанашко, Длабочица и Дејловце. Локалниот патен правец Старо Нагоричане - село Стрновац е непроден како и патните правци кон селата: Алгуња, Малотино, Буковјање, Мглинце и Бајловце од Козјачкиот планински регион.

Во општина Куманово во текот на изминатиот ден се работело на расчистување на патните правци кон селата Габреш, Колицко, Кучкарево, Новосељане, Косматац, Градиште, Кшање, Кокошиње, Пезово  и Кутлибек  и истите се исчистени. Патниот правец Брзак-Агино село е непрооден заради наноси од снег и до 80 сантиметри. 

Во општина Ранковце регионалниот патен правец од трета категорија Ранковце-Герман е непрооден и сите села од тој регион се одсечени: Радибуш, Станча, Петралица, Пклиште, Ветуница, Гиновце, Вржогрнци и Отошница. 

Во општина Крива Палнка во планинскиот дел непроодни се патните правци кон селата: Длабочица, Дренак, Добровница, Кркља, Луке Огут, Нерав, Осиче Трново, Узем и Тлиминци.

На териоторијата на општина Кратово непроодни се патните правци кон селата во планинскиот дел: Близнанци, Вакв, Димонци, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Крилатица, Куново, Нижилово, Мушково, Луково, Талашманци, Татомир и Тополовиќ.