Врнежите од снег во изминатите 24 часа предзвика блокирање на некои патни правци или одвивање на сообраќај во зимски услови. Екипите на ЈП Македонија Пат и Јавните претпријатија работат на расчистување на државните патишта, патиштата во градските средини и локалните патни правци согласно програмата за зимско одржување и приоритет. На цела територија на Р.С.Македонија има од 10-30 см снег.
Струмички регион
Отежнато е движењето на возила на патниот правец Струмица-Валандово поради појава на голомразица. Екипите од Македонија пат се на терен и вршат посипување со сол и ризла. Останатите патни правци се проодни а сообраќајот се одвива во зимски услови. На територина на РЦУК – Струмица има околу 10-20 см снег.
Велешки регион
Во општините Велес, Свети Николе, Неготино и Кавадарци има околу 20-30 см снег. Сообраќајот се одвива во зимски услови. Денеска во општина Велес со 2 возила е планирано плужење и фрлање на сол кон селата согласно програмата за зимско одржување и приоритет.
Битолски регион
На подрачјето на РЦУК Битола има околу 30 см снег и сеуште врне. Во текот на ноќта екипите на Македонија Пат и на Јавните претпријатија работеа на расчистување на државните патишта, патиштата во градските средини и локалните патни правци согласно програмата за зимско одржување и приоритет.