Денеска (11.02.2021 година) директорот на Центарот за управување со кризи в. д. директорот Стојанче Ангелов имаше работна средба во рамки на одржување серија непосредни средби со раководителите на регионалните центри за управување со кризи, реализирана согласно мерките за превенција од пандемија. Конкретно, одржа средба со раководните лица на регионалните центри за управување со кризи од Североисточниот плански регион (РЦУК Куманово, Крива Паланка и Кратово) и Централниот (вардарски) плански регион (РЦУК Велес, Свети Николе, Кавадарци и Неготино).
На состанокот изворно, од страна на претставниците на регионалните центри беа презентирани способностите и капацитетите на регионалните центри за управување со кризи (човечки ресурси, услови за работа и материјално-техничка опременост) на регионалните центри од овие два плански региона.
Истовремено, неодминливо тоа беше конектирано и со поврзаноста на способнистите и капацитетите со функциите и задачите што се извршуваат на локално ниво, како во услови на редовна состојба, така и во услови на прогласената кризна состојба заради заразната болест „Covid 19“, а во случајов истовремено и во услови на мигрантската кризна состојба којашто е присутна во Североисточниот плански регион.
Ангелов нагласи дека работата во ЦУК е одговорна задача во Системот за управуање со кризи (СУК), во било која форма на институцијата и сега и во иднина, за да се спасуваат човечки животи, а со детектирање на реалните состојби, потреби и можностите и да се соочиме со истите за координирано да се надградуваме и како државен Цeнтар и како Систем во поглед на менаџментот со кризи.