На ден 01.02.2021 година, од сферата на кризниот менаџмент имше два настана, преку видеоконференциска врска, што се поврзани со работата Центарот за управување со кризи (ЦУК) при Владата на Република Северна Македонија: Дванаесета седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК и учество на Состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада.
Центарот за управување со кризи ја организираше и ја одржа дванаесетата седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК (од прогласувањето кризна состојба) преку видеоконференциска врска. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
Како дел од државната заедничка активност за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на вирусот „SARS-CoV-2“, С. Ангелов учествуваше и на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, одржан исто така, преку видеоконференциска интернет врска. Со состанокот на којшто раководи Зоран Заев, претседател на Владата, земаат учество многу министри, високи функционери во Влада и во Државата, согласно темите и работните точки на состаноците, а и директори на владини дирекции, како и високи претставници на Град Скопје (градоначалник) и на Заедницата на единиците на локална самоуправа (претседател). Ангелов, на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, ги сподели информациите за преземените активности од страна на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.
Инаку, на дванаесетата седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, прво беше реализирано сестрано реферирање за преземените мерки и активности на институциите од СУК за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, а потоа следуваше информирање по заклучоците од претходната седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК.
На седницата беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, а во насока за заштита на здравјето и животот на населението. Тоа, преку Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, се настојува да се извршува со сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, СУК, со насоки за рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација. Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, истовремено и ја нагласи важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.

Согласно и Законот за управување со кризи, на седницата на Главниот штаб за управување со кризи учествуваа назначени претставници на субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), дел од стручните лица од ЦУК, претставници од науката за одбрана, безбедност и кризнен менаџмент, а и од граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, со што се остварува сестрано заедничко согледување, координирање, дејствување, а и надоградување во одредени сегменти во заедничката борба во нашата држава и Регион, против светската пандемија.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тоа е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации. Тие, невладините организации, како што нагласи раководителот на Штабот, Ангелов, се и значаен ресурс на општеството, што согласно можностите се имплементира и во Системот за управување со кризи, а што по сопствена независна активност и работа воспоставува дополнителни интеракциски врски и непосредна комуникација со грѓаните. Притоа, споделените граѓански индивидуални искуства и идеи, пренесени преку претставници на невладините организации коишто учествуваат во работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, дава можност таквите продуктивни искуства, согледувасња и идеи да се имплементираат како сестрано согледување за поефикасно заедничко дејствување на граѓаните со владините и други државни субјекти на СУК во правец за поголема успешност и координација преку Центарот за управување со кризи во одредени сегменти на управувањето со кризи - во заедничката борба против светската пандемија во нашата држава и Регион што и се остварува преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.