Скопски регион

Во општина Сарај, патните правци кон сите села се проодни, само кон селата Паничари и Раовиќ сообраќајот се одвива редовно со користење на зимска опрема.

 

Битолски регион

Во општина Битола сите патни правци се проодни без забрани за движење.  Патните правци кон населените места во општина Битола се проодни во зимски услови. Во моментот се расчистува патот кон село Гопеш, додека во текот на утрешниот ден ќе се чисти патот до селото Орехово. Патните правци до ски центрите Пелистер  и Нижеполе се проодни. Во Битола, “ЈКП Комуналец” ги  расчистува пешачките патеки и улиците во старата градска чаршија и Широк Сокак, а “ЈП Паркинзи” ги расчистува отворените и затворените паркиралишта во градот.

Во подрачјето на општина Могила сите патни правци се проодни во зимски услови. “ЈКП Пела Хигиена” ги расчистуваат локалните патишта низ населените места.

Во подрачјето на општина Новаци сите патни правци во рамничарските населени места се проодни во зимски услови, а во моментот целата расположлива механизација на  “ЈП Комунална Хигиена” работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села (Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште) и истиот ќе биде завршен во текот на денот.

На подрачјето на општина Демир Хисар, “ЈКП Комуналец“-Демир Хисар работи на расчистување на патните правци.

                               

Охридски регион

Сообраќајот на сите регионални патни правци се одвива без забрани и ограничувања. Локалиот патен правец преку Малесија во општина Струга од с.Мислодежда до с.Збажди е непрооден, како и патот од с.Боровец до с.Јабланица. Електро и водоснабдувањето се одвиваат редовно и без никакви проблеми освен во општина Дебар и дел од Ц.Жупа каде водата за пиење сеуште е заматена и заради тоа се препорачува пред употреба нејзино провривање.              

 

 

Велешки регион

Во општина Велес сите патни правци и улици во се проодни и нема застој во одвивање на сообраќајот. Од “Македонијапат”-Велес известуваат дека во текот на ноќта поради спречување на голомразица интервенирале со сол и песок на патните правци кон Штип, регионален пат кон Градско, спрема езеро Младост, на автопат.

Во подрачјето на општина Чашка синоќа  беше интервенирано на патот Дреново – г.Јаболчиште со плужење и сол. Према Богомила исто така е интервенирано и нема застој.

Во подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, во текот на ноќта зимската служба за одржување на улици и патишта  интервенирала за чистење и посолување на патните правци (1 возило во ридско -планинскиот дел, 1 возило кон селата: Ресава, Бегниште, Дреново и Дабниште и 1 возило во градот и селата во рамничарскиот дел. Во утринските часови повторно е интервенирано кон истите патни правци со истите возила, 1 возило е упатено на интервенција на патниот правец Ладно Долче-Страгово-Крњево и 1 возило на патниот правец кон одмаралиште „Михајлово“. “Македонијапат”-пункт Неготино, во текот на ноќта и утринските часови со 2 камиона  интервенирала на патните правци: Кавадарци-Мушов Гроб-Мрежичко и  на патниот правец Градско – Прилеп до тунелот Фариш. Сите патни правци се проодни за сообраќај.

 

Кумановски регион

Речното корито на реката Крива кај селата Бељаковце, Довезенце и Јачинце и Клечовце е вратена во речното корито и во моментот екипите на АД Кумановско Липковско поле работат на формирање на бедем од двете страни на речното корито, ваѓање на дрвната маса која го блокира текот на реката и во текот на денот се очекува со зафатите на корекција на коритото да стасаат до мостот на реката Кртива кај селото Клечовце.  Речното корито на реката Пчиња во делот на  меморијалниот центар АСНОМ, е веке вратено во негова нормална состојба, а  од дрвна маса се растеретени и мостовите низводно по нејзиното течение. Контактирани и координирани се  сите институциии Општините Куманово и Старо Нагоричане, а во  моментот на терен со механизација се екипите на ЈКП Козјак, Старо Нагоричане и  превземаат дејствија на  извлекување на дрвна маса од речното корито кај селата Пелинце, Коинце и Драгоманце,  за да  го ослободат речното корито и овозможат во подоцнежниот период АД Водостопанство Кумановско Липковско поле пристапат кон целосно средување на речното корито низводно од селото пелинце до мостот на реката Пчиња кај селото Драгоманце.

Во подрачјето на општина Крива Паланка добиено е известување дека сите Регионални  и  локални  патни  патишта се проодни. Од “Македонија  Пат”-Крива  Паланка, известуваат дека во  моментот се ангажираат на расчистување на снегот спрема с.Мала и Голема Црцорија  према  граничниот  премин  Голеш, према  соседна Р.Србија. Во  моментот појдена  е  машина   за  прочистување  на  патниот  правец   према  с.Герман  каде  патниот  правец  е  прооден  но  се  вршело  прочистување од снег на   снежните врнежи кои   паднале  во  текот  на  вчерашните и  вечерните  часови.

Во подрачјето на општина Кратово, во планинскиот дел до с.Каврак патниот правец е под снежна покривка и сообраќајот се одвива со теренски возила.