Битолски регион
Има благо опаѓање на нивото на река Драгор (околу 20-30 см) и во моментот не постои опасност за излевање на реката на местото каде што беше саниран насипот кај пумпната станица на ЈКП „Водовод“ Битола. Од ЈКП „Водовод“ Битола известиле дека во моментот состојбата е во ред, но екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата.
Во текот на денешниот ден ЈП ВОП Битолско поле ќе испрати една градежна машина за расчистување на коритото на Велушка река која беше излеана и ја имаше зафатено живинарската фарма во с.Породин. Сеуште се работи со трите пумпи од ДЗС Битола на исцрпување на водата од халите на фармата и постапката е при крај.
Во опш.Крушево заради врнежите од дожд во изминатите денови, дошло до заматување на изворите и се препорачува водата за пиење да се преврива.
Струмички регион
На подрачјето на опш.Радовиш на регионалниот патен правец Радовиш – Ораовица - Подареш наносниот материјал е остранет, со исклучок на река Сирава на вливот на река Плаваја, каде е оштетен преминот на патниот правец помеѓу селата Подареш и Смиланци кој ќе биде саниран веднаш штом ќе се создадат услови за работа, односно по повлекувањето на водата. Патот е проден само за теренски возила и на овој патен правец можни се одрони и свлечишта како последица од големата влажност на земјата.
Охридски регион
Во опш.Кичево како последица од врнежите од дожд има излевање на река Треска во нивите покрај течението на реката и заезерување.
Тетовски регион
Состојбата во Северозападниот регион полека се стабилизира. Нивоата на реките и водотеците е во опаѓање. Водата се повлекува од местата каде имало излевање. Се расчистуваат патните правци каде што имало појава на одрони.
Кумановски регион
Во опш.Ранковце кај с.Ветуница има изместено 2 пропусти а на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа. Претставници од општината, ЈП Водостопанство Кумановско Липковско Поле и ПЕ Крива Паланка ќе преземат активности за санирање на штетите после намалување на нивото на водата.
Во с.Гиновце, има дотечено вода од суводолица, која се излеала на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од ЛС Ранковце во текот на наредните денови ќе преземат мерки за санирање на штетите.
Во с.Псача, кај м.в.Стара брашнара, Крива Река има поплавено мост. Од ЈП Водостопанство известиле дека мерки ќе се преземат, после намалување на нивото на водата.
Во опш.Кратово поради врнежите водата од градскиот водовод е заматена, па поради хлорирање имало прекини во некои делови од градот.
Кај с.Куклица поради излевање на Крива Река отежнато е поминувањето преку мостот на реката.
Сообраќајот на патниот правец с.Крилатица - с.Ранковци не се одвива поради оштетување на мостот на Крива Река.