Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, а и останатите субјекти на локално ниво, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема значителни излевања на истите.
Се уште е актуелно предупредувањето за внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, заради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.
Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, во јужните делови локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој попладне ќе се промени во северен и на места ќе засилува. На планините ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
НАЈАВА: Утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови. Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.
РЦУК – Скопје, известува дека по остварените контакти со лицата надлежни за состојбата на терен со врнежи од снег и дожд, добиена е информација дека на територијата на РЦУК Скопје нема поплави и нема недостапност на патиштата поради наноси на снег.
Од лицето за контакт во опш.Сарај добиена е информација дека во текот на утринските часови дошло до мало излевање на реката Вардар во реонот на с.Рашче при што малку бил поплавен локалниот пат. Состојбата околу 12:00 часот е нормализирана и по патот се одвива сообраќај. Од дежурната служба при ЈП Водовод и канализација добиено е известување дека Каптажата Рашче не е загрозена.
Од ЈП Водовод известуваат дека нивни екипи со цистерни и вакум цистерни работеле на исцрпување на водата на критичните места во Градот каде во вакви ситуации најчесто се собира поголемо количество вода. Во моментов состојбата е нормализирана.
На телефонот 195 примиено е 1 известување за паднато дрво. Пријавата била проследена до одговорните во ЈП Паркови и зеленило за понатамошна надлежност и постапка.
Од ЕВН – Скопје добиено е известување дека сите појавени дефекти се отстрануваат релативно брзо и не се регистрирани поголеми и подолготрајни испади и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
РЦУК – Битола, известува дека од обилните врнежи од дожд на подрачјето на опш.Битола зголемено е нивото на река Драгор и има опасност од нејзино излевање кај Довлеџик каде што се наоѓа пумпна станица на ЈКП Водовод за вода за пиење за дел од градот Битола. Во текот на вчерашниот ден и денес со соодветна механизација интервенираат ЈКП Водовод и ЈКП Нискоградба (се прави насип крај реката Драгор како превентива за престојните дождови). Таа интервенција е приоритетна зошто имало опасност дел од градот да остане без вода. Од ЈКП Водовод известиле дека во моментот состојбата е под контрола, но екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата.
Во с.Породин кај живинарската фарма се интервенира со 3 пумпи за вода од ДЗС Битола. Има потреба од интервенција и на градежна машина за расчистување на реката од горниот тек, па се до мостот на влезот од селото. Раководителот на ПОРКОА РЦУК Битола со раководителот на ДЗС Битола ќе достават барање до ВОП Битолско Поле да се испрати градежна машина и што побрзо се расчисти коритото на реката.
Снабдувањето со електричана енергија и вода е редовно, освен во селата Буково и Горно Орехово кои се без напојување со електрична енергија.
РЦУК – Струмица, известува дека од досегашните врнежи нема појава на полавени површини или објекти, водостоите на речните корита се зголемени но во рамките на речните корита и нема излевања.
Во опш.Конче има излеаност на реката Клакавица на неколку места од коритото, но без штета. Исто така има наносен материјал од помал обем на неколку места на главниот пат и неколку сообраќајници што ги поврзуваат селата во тој регион, особено во с.Горни Липовиќ, но мехзнизацијата е пуштена на терен за да го отстрани наносот.
РЦУК – Охрид, известува дека во опш.Македонски Брод има мали излевања на река Треска долж течението и поплавени се земјоделски површини и ливади.
Во опш.Кичево екипа од ЈП „Комуналец“ Кичево со градежна машина на ден 10.01.2021 година во времето од 16:30 до 18:00 часот расчистувале заглавени дрва под мостот на река Треска на влезот во с.Србјани.
ТППЕ Кичево на ден 10.01.2021 година имале техничка интервенција за исцрпување на вода од поплавени куќи на ул.Прилепска во Кичево.
Екипа составена од вработени од ПО РЦУК Кичево на ден 10.01.2021 година извршиле увид на локалниот пат кон излетничко место Крушино и с.Кнежино и било утврдено дека има голема количина калива вода која се движи по коловозот. На повеќе места се забележува можност за појава на лизгање на земјиште од што може да се оштети патот. Исто така на извршена е обиколка на течението на река Треска и било утврдено дека има излевање на реката Треска од двете страни кај мостот кај с.Бигор Доленци. Поплавени се необработени ниви.
Во општина Дебар и Центар Жупа од 10:30 часот на ден 10.01.2021 година до 04:30 часот на ден 11.01.2021 година имало прекин во електроснабдувањето поради оштетени далноводи во опш.Маврово - Ростуше. Нивото на река Радика е покачено но нема излевање. ЈКП Стандард препорачуваат водата за пиење да се преврива поради заматеност на изворот во с.Росоки. Околу 08:30 часот нормализиран е патниот сообраќај на регионалниот пат Дебар - Маврово.
РЦУК – Тетово, известува дека во моментов со еден багер од опш.Тетово се работи на расчистување на наноси од Порјска река кај с.Порој на патот Тетово - Јажинце. Багерот интервенирал и во Голема Речица каде имало помали наноси а во моментов е во с.Факише и се работи на саниране на речното корито на река Пена каде има опасност од излевање на истата.
Во ЕЛС Јегуновце состојбата е алармантна, водостојот на река Вардар е на критично ниво и можно е излевање.
Во ЕЛС Брвеница нивото на реките е зголемено и во с.Брвеница со еден багер од општината се интервенира на речното корито на реката Темишница за да не дојде до излевање.
Во ЕЛС Боговиње реката во с.Камењане го поплавила локалниот пат на влез во селото во должина од околу 100 метри. Долж регионалниот пат кај с.Палчиште излеан е каналот за наводнување и екипа на ЈКП „Шар“ Боговиње се на терен за саниране на штетите.
Во опш.Гостивар без напојување со електрична енергија е с.Горно Јеловце.
Во опш.Маврово Ростуше известуваат дека од 10:30 часот на ден 10.01.2021 година до 04:30 на ден 11.01.2021 година без напојување со електрична енергија биле селата Скудриње, Присојница, Хаџиевци, Ростуше, Велебрдо, Требиште, Видуше и Жировница. Од страна на ЕЛС Маврово пријавено е до ЕВН и се работи за одстранување на дефектот. Во моментов струја има но со повремени прекини.
Патот Маврово - Галичник е во целосен прекин поради висока снежна покривка (ова е случај секоја година за време на снежни врнежи).
РЦУК – Велес, известува дека во општините Велес, Чашка и Градско врне слаб дожд со повремени краткотрајни прекини. Во изминатите 3 дена како последица од врнежи не се пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и излевање на реки.
На подрачјето на општините Неготино и Демир Капија зголемено е нивото на р.Бошавица во Демир Капија но нема излевање. Коритото на Дренска брана во опш.Демир Капија е наполнето но до нивото кое не предизвикува излевање.
Во опш.Кавадарци поради дефект без напојување со електрична енергија се селата Дреново, Фариш, Голеш и Шешково, делот околу стара автобуска, ул.Илинденска, Зелен пазар и ул.Пано Mударо.
РЦУК – Штип, известува дека на територијата која ја покрива ПОРКОА РЦУК Штип состојбата е редовна.
РЦУК – Куманово, известува дека заради обилните врнежи од дожд зголемени се водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња (Градшница и Петрошница) заради што има излевање на реката Петрошниоца помеѓу селата Макреш и Војник.
Излеани се Крива Река кај селата Белјаковце, Довезенце, Јажинце и Клечовце, и река Пчиња кај селата Шупл Камен, Пчиња и Студена Бара. По течението на река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта 7-8 викендици и 3-4 индивидуални куќи за живеење - претежно помошни објекти. Поплавено е и дел од обработливо земјоделско земјиште во атарот на селата Шупли Камен, Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара.
Специфичен проблем кој битно влијае на излевањето на реката Крива претставува претходно полупаднатиот мост кој ги дели селата Горно и Долно Довезенце, кој ја блокира водата која се заезерува и се излева од речното корито кон с.Јачинце.
Оштетен е и постоечкиот мост со цевки Ф - 1000 кој на реката Пчиња од Шупли Камен кон с.Клечовце по течението кај м.в.Визијана.
Зголемен е и протокот на реката Пчиња, во опш.Старо Нагоричане поради зголемен водостој во Р.Србија како и низводно поради вливот и зголемениот проток на реките Бистрица, Алгушница, Петрошница. Во моментот од страна на АД Кумановско Липковско Поле се превземаат дејствија за отстранување на вегетацијата и правење насипи на Река Пчиња кај с.Војник и Ветуница во атар на опш.Ранковце.
Во опш.Ранковце кај с.Ветуница има изместено 2 пропуста а на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа. Претставници од општината ќе извршат увид во текот на денот. Во с.Гиновце, дотекла вода од суводолица која се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од опш.Ранковце ќе преземат мерки за санирање на состојбата.
Во опш.Кратово, кај с.Трновац каде Кратовска Река се влева во Крива Река има однесено насип и патот е поткопан.
Излеана е и Крива Река кај с.Куклица и поплавен е дел од патот.
Обилните врнежи предизвикале и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) добиено е следното известување:
Според Синоптичката информација од утрово, најмнугу дожд има: 48 Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје - З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје - Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Крива Паланка, Берово и 12 Претор. Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата.
Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања бележиме кај р.Вардар - горен тек, каде на Јегуновце во однос на вчерашните податоци бележиме покачување од 114 cm, р.Лепенец кај Скопје 45 cm, на р.Вардар во Скопје 45 cm, на р.Треска - Македонски Брод покачување од 87 cm, на р.Црна – Новаци 100 cm, р.Радика – Бошков Мост 66 cm. Кај езерата во однос на минатиот понеделник бележиме покачувања и тоа кај Охрид од 9 cm, кај Преспа од 4 cm, кај Дојран од 1 cm.
Од терен има информации за локални излевања на р.Вардар кај Рашче, на р.Крива и Пчиња во кумановскиот регион, водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион. Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог и други.
Во однос на временската состојба, очекуваме сите водостои кај водотеците и езерата и понатака да бидат во покачување, а како најкритични ги посочуваме реките Вардар горен и среден тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна и други.
Предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.
Висина на снежна покривка до 07:00 част (11.01.21) (во см): 35 Попова Шапка, Наврнат воден талог за изминативе 24 часа, до 07:00 ч. (10.01.21) (во л/м2): 48 Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Кр.Паланка, Берово, 12 Претор.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, во јужните делови локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој попладне ќе се промени во северен и на места ќе засилува. На планините ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
НАЈАВА: Утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови. Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.
Забелешка: Вонредната информација за состојбите со врнежите од дожд и снег на ден 11.01.2021 година во Република Северна Македонија е уредена по 12:00 часот