Центарот за управување со кризи остварува поврзување со невладиниот сектор, којшто несебично се вклучува во рамки на можностите и капацитетите, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално можна организирана линија и со невладините организации коишто се и секако значаен ресурс на општеството.
Денеска, (18.12.20 година во 14:00 часот), в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и претставници на ЦУК, зедоа активно учество на јавна активност на невладините организации за поврзување и помагање, според веќе добро позната реченица дека „Надминувањето на кризната состојба ќе биде полесно ако тоа го правиме сите заедно...“ Конкретно, во прилог на размена на мислења и координирање на активности во контекст за кризната состојба беше и одржувањето на денешниот тематски форум, „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, преку видеоконференциска интернет врска во организација и реализација на невладината заедницата „Цивика мобилитас“, со јавно прикажување на нивниот социјален профил.
Притоа, на форумот, претставниците на граѓанските организации имаа можност да дискутираат со министерот за здравство Венко Филипче, со в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и со Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници кој е еден од претставниците на здруженијата и фондациите во Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи. Дискусиите ги координираше Герман Филков.
Важно е да се потсетиме дека пред неколку денови, (на 16.12.2020 година) на средбата со Претседателот Пендаровски, стана збор и за невладините организации во информациите што ги сподели в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, покрај информациите за работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, за преземените мерки и досегашни активности на институциите во справувањето со пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Тој нагласи дека приоритетот рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19, се поставува како „врв“ при секоја активност. Истовремено, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше и за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.
Инаку, невладините организации, според информациите, а и нивното произнесување во јавноста, сериозно се преструктуираа согласно нивните можности и капацитети и здружено се координираат и меѓу себе за борба против пандемијата во нашата држава и со Центарот за управување со кризи. Притоа, тие се произнесоа и во јавноста дека во поглед на помошта, што ќе ја понудат и што ја нудат, дека се координираат да биде системска, соодветна на потребите на граѓаните и да биде канализирана преку Центарот за управување со кризи во државата, согласно и неговата поставеност како координатор за кризни состојби.
Неодамна, да се потсетиме, на 30 ноември, Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС и „Цивика мобилитас“ иницираа и реализираа средба со претставници на граѓанските организации од којашто произлегоа заклучоци за потребите на целните групи и препораки за идните активности со кои може да им се излезе во пресрет на граѓаните и на институциите. Целта на овој тематски форум е да се дискутира и договори во кои области и како граѓанските организации можат поконкретно да им помогнат на институциите во справувањето со пандемијата, особено на тие што се дитректно вклучени во Системот за управување со кризи што се координирани од Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, којшто е целосна подршка и на владините тела Управувачки комитет и Група за Проценка.