Денеска, во Центарот за управување со кризи, (петок, 11.12.2020 година), беше одржана седма седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба). Со Штабот, којшто е оперативно стручно тело, што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации, раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.