На ден 02.12.2020 година се одржа 45 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Заради настаната состојба со КОВИД-19  седницата се одржа преку  видеоконференциска интернет врска. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа  директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Кичево, одговорен епидемилог при Центарот за јавно здравје Битола за подрачје Кичево,  раководител на ЈП Македониј пат подружница Битола секција Кичево и  претставник од АРМ касарна Кичево одговорен за цивилно воена соработка.
 

На седницата се дискутираше по две точки. Првата точка се однесуваше на состојбата со КОВИД-19 на подрачјето на општина Кичево. Раководителот истакна дека целта на седницата е спречување на ширењето на корона вирусот и заштита на здравјето на граѓаните. Треба да се размисли како ќе се справиме за Нова Година доколку има масовно враќање на наши иселеници од странство. Побара од присутните предлози за  подобрување на заштитата од вирусот на локално ниво.          Претставникот од ЈЗУ Здравствен Дом ИМП Кичево Лена Крстевска рече дека од почетокот на КОВИД пандемијата во градот брзата помош е во првите што згрижуваа лица заболени и сомнителни лица на вирусот.  Во однос на бројот на лица што се јавуваат за помош во нивната служба  деновие се забележува благо опаѓање во однос на претходниот период.

 

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Кичево Станко Трпески ја истакна соработката на ЈЗУ општа болница Кичево со ЦЈЗ Битола и ИМП Кичево. Дел од интерното одделение е преструктуирано во КОВИД центар, а од пред една недела започнато е со изградба на нов КОВИД центар, и се очекува до крајот на годината да биде комплетно завршен.

Претставникот од ЦЈЗ Битола Тони Коњаноски извести дека на дневна основа во Кичево се тестираат околу 30 лица, 15 до 20 преку мој термин и уште 10 тина приватно преку ЦЈЗ Битола. На овој број треба да се додадат и лицата од Кичево кои се тестираат во приватни регистрирани лаборатории. Но секако спасот пред се е во нашето поведение и однесување према себе и према заедницата.
 

По втората точка се расправаше за мерките и активностите за превенција и справување со опасноста од поплави, интензивни снежни врнежи, снежни наноси и лавини.

Претставникот од ЈП Македонија пат секција Кичево Зоран Крстески рече дека  секцијата Кичево започнала со подготовки и спремнo ќе ја дочека оваа зимска сезона 2020/2021.  Секцијата Кичево чисти околу 125 километри патна мрежа.,  во 4 приоритетни групи. Највисок приоритет има магистралниот пат Скопје – Кичево - Охрид, а потоа другите патни правци.

Врз основа на дискусиите  се донесоа следните заклучоци:

1.       РШУК да достави барање до општина Кичево да преку локалните медиуми достави апел до нашите сограѓани кои ќе дојдат за време на новогодишните празници да останат во кругот на семејството

2.      Да се следи состојбата од надлежните служби и истите да се во постојана комуникациија и координација.