Денеска, во Центарот за управување со кризи, (понеделник, 30.11.2020 година), се одржа пета седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК преку видеоконференциска интернет врска. Штабот е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.
Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, од својот кабинет, а на видеоконференцијата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. На седницата, покрај состојбата во државата во различни ресори, беа разгледани и определени активности на институциите, а и насоки за обезбедување валидно информирање на граѓаните и спречување на ширење дезинформации. Тоа е со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Истовремено е одлучено да се формира и заеднички Медиа центар при Главниот штаб за управување со кризи, заради координирано тековно информирање на јавноста за активностите коишто произлегуваат од Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ со што се загрозува безбедноста и здравјето на населението.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.