Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 беше презентиран од страна на ВД раководителот на ПО на РЦУК Свети Николе Ристе Панов на заедничката седница на општинскиот и регионален штаб за општините Свети Николе и Лозово, со што се утврди и рамка на активности на институциите со координирано дејствување на локално ниво за спроведување на планот. Се разгледа и актуелната ситуација во справување со КОВИД-19 во двете општини преку превземените мерки и активности на институциите, расположливоста со ресурси, а дел од предлозите за подобро справување со кризата ќе бидат предложени до Главниот штаб за управување со кризи.
На седницата учествуваа Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, претставник на Општина Лозово, како и претставници на локалните одделенија на МВР-ОВР Свети Николе, на ПО на Дирекцијата за заштита и спасување, на ОО на Црвен крст Свети Николе, директорката на Здрвствениот дом Свети Николе, од ЈКП и други присутни.