Денес, во просториите на Општина Струга, шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи го прими на состанок шефот на кабинетот на директорот на Центарот за управување со кризи г. Ферик Белули и прими благодарница во името на градоначалникот Мерко.
Белули пренесе дека Центарот за управување со кризи и се заблагодарува на Општина Струга особено на градоначалникот Рамис Мерко за досегашната соработка и неуморна работа како и за дадениот придонес како Претседател на општинскиот штаб за превенција и справување на ширењето на вирусот КОВИД 19 на територијата на општина Струга.
Шефот на кабинeтот на градоначалникот на Општина Струга, г. Насуфи, исто така изрази благодарност за меѓусебната соработка, особено во справувањето со оваа тешка состојба и истакна дека соработката ќе продолжи бидејќи војната со КОВИД 19 сè уште не е завршена.