По повод 15 години од формирањето на ЦУК на ден 07.10.2020 година се спроведе крводарителна акција во организација на ПО РЦУК Кичево во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево.
Оваа акција се спроведува 8-ма година по ред. Ацијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево. Во акцијата за доброволно дарување покрај вработени од РЦУК Кичево, ПО ДЗС Кичево, МО ОО за регион Охрид во град Кичево, ПС за ОН Кичево се вклучија и голем број солидарни хумани граѓани. Вкупно се собраа 30 единици крв од сите крвни групи со што акцијата беше успешна. Вработените од ПО РЦУК Кичево активно учествуваа во делот на приемот на дарителите.