По повод 14 години од формирањето на ЦУК вработените во ПО РЦУК Кичево спроведоа низа активности за одбележување на овој ден.
7-ма година по ред, на ден 02.10.2019 година се спроведе традиционалната крводарителна акција. Оваа година акцијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево, во организација на ПО РЦУК Кичево во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево. Во акцијата за доброволно дарување покрај вработени од РЦУК Кичево, ПО ДЗС Кичево, МО ОО за регион Охрид во град Кичево, ПС за ОН Кичево се вклучија и голем број солидарни хумани граѓани, при што вкупно се собраа 25 единици крв, од сите крвни групи. Вработените од ПО РЦУК Кичево активно учествуваа во делот на приемот на дарителите.
Покрај крводарителна акција, на ден 05.10.2019 година се спроведе и акција за расчистување на отпадот од дворното место на објектот каде се наоѓаат просториите на ПО РЦУК Кичево. РЦУК Кичево ја спроведе активноста во рамките на акциите за заштита на животната средина и зголемување на свеста на населението за почиста животна средина. Собраниот отпад се собираше во близина на зградата и истиот беше транспортиран од страна на вработените од ЈП Комуналец.
Во акцијата учествуваа сите вработени од ПО РЦУК Кичево во соработка со ЈП Комуналец Кичево. Материјадите потреби за спроведување на акцијата за чистење (ракавици, вреќи, количка за отпад, лопати и сл.) ги обезбедија вработените во ПО РЦУК Кичево и ЈП Комуналец Кичево..