Денес, 23.09.2019 година, во просториите на Центарот за управување со кризи, беше одржан работен состанок со високи претставници на канцеларијата на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) за Балканот. Целта на овој состанок беше информирање за промената на највисоката позиција во оваа канцеларија, имено, досегашниот постојан претставник на JICA за Балканот г-дин Хидеја Кобајаши ја завршува својата должности, а новоименуваниот постојан претставник, г-дин Такеичи Џиро, ја презема оваа должност.

Високите претставници од JICA за Балканот беа примени од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Агрон Буџаку и д-р Стевко Стефаноски, раководител на проектната соработка со JICA. Од страна на директорот на ЦУК беше изнесена благодарноста за долгогодишната поддршка од JICA во реализацијата на повеќе проекти, како и заложбата дека ЦУК, како институција во иднина ќе продолжи посветено да работи во имплементацијата на тековниот проект за примена “Еко-системски решенија во намалувањето на ризици од катастрофи”, кој треба да се реализира до 2022 година.

Раководителот на проектот, д-р Стевко Стефаноски, високите претставници на JICA, ги информираше за тековните активности кои се реализираат на повеќе проектни локации, постигнатиот прогрес, како и со планот на предвидените активности до крајот на тековната 2019 година. На состанокот беше дискутирано и за претстојниот Регионален семинар за земјите од Балканот, кој ќе се одржи на крајот на октомври во Скопје, во организација на ЦУК и JICA.