Битолски регион
Пожарот кај селата: Брник, Рапеш, Маково, Долно Орехово, Грумази, Паралово и Ивени, општина Новаци е сеуште активен. Изгорено е површина од 420-450 хектари од кои 8 до 10 хектари се борови насади, а остатокот е трева, ниско стеблеста деградирана дабова шума, грмушки и пасишта. На гасење на пожарот интервенирале лица од ЈП НШ- Кaјмакчалан Битола и екипа на ТППЕ-Битола. На поголемиот дел од површината која била зафатена со пожарот е локализиран и истиот само на одредени места е активен на површина од 7-10 хектари кај м.в. Препал пред с.Маково. За ситуацијата на терен известени се ДЗС, Битола ТППЕ-БИТОЛА и ЈП- Кајмакчалан-Битола.
Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с. Подвис спрема с. Годивле, општина Крушево е сеуште активен, гори ниска дабова шума, сува трева и стрниште. Зафатена е површина од околу 100 хектари. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале работници од ШС Липа од Крушево, и пожарникари од ТППЕ Кривогаштани и од ТППЕ Крушево. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Струмички регион
Пожарот на планината Готен, кај селата Покрајчево и Злеово, општина Радовиш е ставен под контрола. Во гасење на пожарот интервенирале пожарникари од ТППЕ Радовиш и вработени од ШС Плачковица кои вршат контрола на теренот.
Пожарот над с.Кушкулија, опшина Василево е ставен под контрола. На терен се вработени од ШС кои вршат контрола на теренот.
Велешки регион
На 02.09.2019 година околу 11:20 часот појавен е пожар во атар на с.Павлешенци, општина Свети Николе. Со пожарот е зафатена дабова шума, сува трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале пожарникари и вработени од ШС Свети Николе. Пожарот е проширен и на територија на општина Куманово. Пожарот е сеуште активен. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Кумановски регион
Пожарот кај с. Павлешенци од страна на општина Свети Николе се има проширено и во дел на општина Куманово во атарот на с. Павлешенце, с.Градиште и Габреш. Опожарена е поголема површина на сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума. Во гаснењето на пожарот во текот на вчерашниот ден интервенирале пожарникари, вработени од ШС Куманово, и ДЗС Куманово. Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пожарот е отежнато, а пожарот е сеуште активен. Поради лоша видливост во вечерните часови, екипите се повлечени од терен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден. Поради големината на пожарот испратено е барање до ОЦ на ГШ за ангажирање на хеликоптер за гаснење на истиот.