На 25 и 26 јули во просториите на Центарот за управување со кризи се одржува работилница за утврдување на концептуалниот дизајн на системот за итни повици Е-112.

Целата активност е во рамките на започнатиот проект на Центарот за управување со кризи за воспоставување и имплементација на европскиот број за итни повици Е-112 во Република Северна Македонија.

Со утврдување на коцептуалниот дизајн на системот за итни повици Е-112 ќе биде разговарано за:

-Основниот процес на обработката на податоци на системот,

-Системската архитектура за Е-112,

-Функции на системот кои се важни за организациите-корисници,

-Примање на повиците и креирање на инциденти,

-Управување со инциденти,

-Подготовки на субјектите кои ќе бидат корисници на системот и задачи и одговорности на субјектите учесници и корисници како и

-други појавени карактеристики и состојби.

На работилницата присуствуваат одговорните и избрани претставници од субјектите – корисници на системот Е-112, како што се Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, претставник од Град Скопје во името на Бригадите за ПП заштита и Министерството за здравство.

Работилницата е во организација на претставниците од Унгарската компанија „Bonumstrat Consulting“ која беше избрана за најповолен понудувач на јавниот меѓународен тендер за подготовки и организација на имплементацијата на Е-112 во Република Северна Македонија.