Во периодот од 16-19.07.2019 година, Центарот за управување со кризи со свој претставник зедe учество во Финалната координативна конференција за вежбата “Joint Reaction 19“ која се реализира во Тирана, Р. Албанија.
„Joint Reaction 19“ е компјутерски асистирана вежба за регионална помош при справување со итни ситуации и воедно теренска вежба која ќе се реализира во периодот од 21-24.10.2019 година.
Покрај претставникот од Центарот на конференцијата од Република Северна Македонија учествуваа и лица од:
- Министерството за одбрана ;
- Армијата; и,
- Дирекцијата за заштита и спасување.
Од регионот претставници имаше од следните држави:
- Босна и Херцеговина;
- Косово;
- Хрватска; и,
- Црна Гора.
ЦУК учествува на финалната координативна конференција за вежбата “Joint Reaction 19“
- Детали
- Посети: 355