Во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО на 3.7.2019 година во хотелот Александар Палас во Скопје, се одржа Конференција „Дигитализација на системот за управување на кризи“ на која беше претставен NICS – следната генерација на систем за управување со инциденти во Република Северна Македонија.
Целосна дигитализација на системот за управување со кризи во државата ќе овозможи имплементацијата на NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Projekt (Следна генерација на Систем за управување со инциденти), проект обезбеден со поддршка од САД и НАТО.
Пред присутните, свое обраќање имаа премиерот Зоран Заев, помошникот генерален секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли, директорот на ЦУК, Агрон Буџаку, професорот на Универизтетот МИТ во Масачусетс САД, Грегори Хоган и ко-директорот на NATO SPS Project Урим Вејсели.
Директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку истакна дека со овој голем проект се унапредува целиот систем за управување со кризи со модерни технологии и тоа благодарение на НАТО кој на овој начин покажува дека не е само Алијанса за класична сигурност и безбедност, туку Алијанса која се грижи и за безбедноста и сигурноста на граѓаните, а во која се надевема дека ќе станеме наскоро 30-та членка.
-Во иднина ЦУК ќе изврши обука на локално ниво како да се примени овој систем со кој во секој момент сите институции ќе имаат увид со помош на модерната технологија и интернетот на ситуацијата во местата каде има несреќи.
NICS апликацијата претставува дигитализација на Системот за управување со кризи и овозможува командување со ангажираните ресурси (единици, тимови и МТС) во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, меѓуресорска координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, и размена на податоци и информации (текст, слика и видео содржина) во реално време.
Целосната имплементација на NICS проектот, како што беше усвоено на 141. седница на Владата, треба да се реализира до 1 декември 2020 година, што практично значи дека Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, ќе има имплементиран современ дигитален систем за управување со кризи. Досега со обука за примена на системот се опфатени 552 лица од институциите кои седел од системот за управување со кризи.
Презентација на NICS системот за управување со инциденти
- Детали
- Посети: 389